Џоана: Од фундаментално значење е НАТО да ја задржи својата технолошка предност

dzoana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Безбедноста е основата на просперитетот и на демократијата и затоа во услови кога војна со висок интензитет се враќа во Европа, потребно е повеќе да се инвестира во конвенционалните и повеќенаменските сили, порача денеска од Вилнус заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана.

Говорејќи на Јавниот форум организиран на маргините на дводневниот Самит на НАТО, што денеска започна во литванскиот главен град Вилнус, Џоана нагласи дека од фундаментално значење е Алијансата да ја задржи својата технолошка предност.


Затоа, според него, НАТО испраќа јасен сигнал до владите на земјите членки и до приватниот сектор дека е потребно да се вложува во иновации и во основни средства за старт-ап претпријатијата.

– Екосистемот на иновации на НАТО оди рака под рака со новиот Фонд за иновации, како прв мултинационален суверен фонд за ризичен капитал, истакна Џоана, додавајќи дека НАТО дејствува како катализатор за „искористување на иновацискиот екосистем низ Алијансата“.

Јавниот форум во Вилнус е во организација на НАТО, Центарот за источноевропски студии, Маршаловиот фонд, Минхенската безбедносна конференција и Атлантскиот совет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK