Две жирафи угинале по удар од гром во зоолошка градина

Две жирафи угинале во зоолошка градина во САД, откако биле погодени од гром, што е редок, но трагичен случај, јавуваат американските медиуми.

Настанот се случил на почетокот на мај во паркот „Лајон кантри сафари” на Флорида, но резултатите од аутопсијата за причината за смртта на жирафите беа соопштени бури сега, по повеќе од еден месец од немилиот настан.

– Со длабоко жалење соопштуваме за смртта на две од нашите прекрасни и харизматични жирафи, се вели во соопштението на зоолошката.

Животните – 10-годишната женка Лили и едногодишнит мажјак Џони, се наоѓале на своето пасиште во рамки на зоолошката градина, кога одненадеж се појавила бура, па не успеале да се засолнат од кобната молња.


Вести

Собранието ги разреши Тевдовски, Фазлиу и Лика

Собранието вечерва ги разреши од функцијата министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерот без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика. Министрите беа разрешени со мнозинство гласови. […]

Вести

Вкупно 12 повредени при експлозија на гас во станбена зграда во Виена (ДПЛ)

Вкупно 12 лица се повредени попладнево при експлозија на гас во една петкатна станбена зграда во австрискиот главен град Виена, соопшти вечерва локалната полиција. По експлозијата се урнал дел од зградата, поради што останатите станари […]

Вести

Финансиска полиција: Акцијата во Љуботен наменета против нелегалниот увоз на тутун

Управата за финансиска полиција денеска преку соопштение информира дека вчерашната акција спроведена во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново била наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија“, а не била […]