Двајца демонстранти во Багдад загинаа во судири со полицијата


Двајца демонстранти во Багдад загинаа во судири со полицијата - МИА

Багдад, 27 јули 2020 () – Утрово во Багдад загинаа двајца демонстранти откако биле погодени со канистери со солзавец во судири со безбедносните сили, соопштија безбедносни извори.



Ова се првите жртви на насилството поврзано со протести откако новиот премиер Мустафа ал Кадеми, кој вети дијалог со демонстрантите, ја презеде функцијата во мај.

Смртните случаи се закана за разгорување на протестното движење низ целата земја, што избувна во октомври поради незадоволството кон властите, но замре во последните неколку месеци.

Демонстрантите вчера организираа насилни протести поради прекините на електрична енергија во главниот град и неколку јужни градови, каде што температурите од 50 степени Целзиусови ја попречија работата на генераторите за електрична енергија.

Во Багдад, десетици луѓе се собраа на протест на плоштадот Тахрир, и се судрија со полицијата и другите безбедносни сили стационирани на локацијата.