Два земјотреси во Кина



Почувствувам земјотрес во југозападните делови на Северна Македонија, епицентарот во Албанија - МИА

Пекинг, 12 јули 2020 () – Земјотрес со јачина од 5,1 степени денеска го потресе североисточниот кинески град Тангшан, соопштија локалните власти.

Потоа е регистриран уште еден помал потрес со јачина од 2,2 степени.

Не е соопштено дали некој е повреден или е причинета материјална штета.

Железничкиот сообраќај во овој град, кој се наоѓа на 160 километри источно од Пекинг, е привремено запрен сè додека не се утврди дали има оштетување на шините, јави агенцијата Синхуа.

Во земјотрес во Тангшан во 1976 година загинаа најмалку 242.000 луѓе во една од најсмртоносните природни катастрофи во светот.


Изминатата недела 705 нови позитивни со коронавирус, за 10,8 проценти помалку од претходната - МИА
Вести

Нови 163 случаи со Ковид-19, седум починати, оздравени 132 пациенти

Скопје, 16 септември 2020 () – Нови 163 случаи со Ковид-19 од направени 1.721 тестирање, седум починати и 132 оздравени пациенти, регистрира Министерството за здравство во последните 24 часа. Од новорегистрираните  во Скопје има 33 […]

ЕУ: Ќе помогнеме да се реши спорот меѓу Скопје и Софија - МИА
Вести

Бугарија се буни за „државна антибугарска идеологија“ во Северна Македонија

Брисел, 16 септември 2020 () – Објаснувачкиот меморандум на Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во пресрет на одлуката за отпочнувањето на преговорите со ЕУ се состои од шест страници со долги историски образложенија […]

Бајрактаров: Следува пандемија на ментални болести - МИА
Вести

Бајрактаров: Следува пандемија на ментални болести

Скопје, 16 септември 2020 () – Ковид-19 предизвика и една пандемија со менталното здравје. Тоа не е нешто непознато, тоа е познато уште од сите светски кризи и економски и војни, како и здравствени кризи, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*