Дуда положи заклетва за втор претседателски мандат



Дуда положи заклетва за втор претседателски мандат - МИА

Варшава, 6 август 2020 () – Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска пред пратениците во Парламентот положи заклетва за втор петгодишен мандат.

Опозициските пратеници и премиерот не присуствуваа на седницата, бидејќи сметаат дека тој не го почитувал Уставот за време на неговиот прв мандат и затоа што неговите политики, како што велат, се во судир со лидерите на ЕУ.

Како што пренесуваат странските агенции, Дуда е близок соработник на владејачката десничарска коалиција, што ја сочинуваат партијата Право и правда и две помали политички партии.

По заклетвата, Дуда вети отвореност за сите групи и политички партии и ја истакна клучната улога на семејството и потребата тоа да се заштити.

Дуда освои 51,03 отсто од гласовите на претседателските избори на 12 јули, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Варшава, Рафал Тржасковски, освои 48,97 отсто.


Вести

Се влошува состојбата со Ковид-19, можни нови рестриктивни мерки

– Состојбата со Ковид-19 станува се полоша. На дневно ниво се зголемува бројот на заболени, а според надлежните главната причина за ова е непочитувањето на мерките. Токму затоа, можно е воведување на нови рестрикции, а […]

Вести

Се враќаат на работа родителите на деца до шест години, лицата кои користеа продолжено породилно и дел од хронично болните

– Од денеска се враќаат на работа родителите на децата до шест години, лицата кои користат продолжено породилно отсуство и дел од хронично болните лица. Владата ја донесе оваа одлука пред две недели, откако се […]

Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Продолжува собраниската седница за избор на заменици-министри

– Собранието денеска треба да ја продолжи седницата за избор на заменици министри во Владата. Продолжението на седницата претседателот на законодавниот дом Талат Џафери го закажа за 14 часот, но, како што најави, можно е […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*