Дуда ја најави изградбата на Балтичкиот гасовод


Дуда ја најави изградбата на Балтичкиот гасовод - МИА

Варшава, 4 мај 2020 () – Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска ја најави изградбата на Балтичкиот гасовод, со кој од Норвешка преку Данска ќе биде поврзана Полска.


 

Дуда истакна дека наредните денови ќе почне изградбата на Балтичкиот гасовод во Полска.

Пред неколку дена компанијата „Гасистем“ потпиша договор за реализација на проектот со „Саипем лтд груп“ и добиени се сите неопходни дозволи.

Со Балтичкиот гасовод треба да бидат поврзани норвешките наоѓалишта во Северно Море со Полска преку Данска. Планирано е гасоводот да има капацитет од 10 милијарди кубни метри гас годишно.

Полска планирада ја заврши изградбата на гасоводот до 1 октомври 2022 година.