Драма во Австралија: се урна хеликоптер со американски војници, има повредени

avion-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поморски хеликоптер падна во океанот на околу 60 километри од брегот, во близина на австралискиот град Дарвин, а во несреќата се повредени 23 маринци, од кои еден е во критична состојба, јавуваат австралиските медиуми.


– 23 американски маринци беа повредени и правиме се што можеме безбедно да ги однесеме на лекување во Дарвин. Петмина маринци веќе се во болница во Дарвин, а останатите остануваат на островот Мелвил. Дополнителен полициски и воен персонал е распореден на островот Мелвил за да ја поддржи операцијата, изјави полицискиот комесар Мајкл Марфи, пренесува ABC News.

Австралискиот премиер Ентони Албанес рече дека жали за несреќата и дека неговата влада е фокусирана на давање поддршка, пренесува Ројтерс.

Австралиското Министерство за одбрана соопшти дека инцидентот со авионот со американски воен персонал се случил за време на вежба.

Се додава дека, според првичните информации, во леталото немало припадници на австралиските вооружени сили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK