Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот


Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во Берлин закрепнуваше од труењето, изјави денеска неговата портпаролка, Кира Јармиш.

„Ова значи дека станот не може да се продава, да се подари или да се стави под хипотека“, објасни Јармиш на видеото на „Твитер“.

Таа додаде дека неговиот имот бил замрзнат на 27 август поради тужба од компанија што доставува храна до училиштата во Москва.

Во октомври минатата година рускиот суд нареди Навални и неговите соработници да ѝ платат 1,4 милион долари отштета на компанијата бидејќи, според судот, тие неоправдано го довеле во прашање квалитетот на храната.

На 44-годишниот критичар на владеењето на Владимир Путин претходно месецов му се слоши во авион над Сибир. Тој од Русија беше пренесен на лекување во Берлин, а германската влада извести дека тестовите спроведени во Германија, Франција и во Шведска покажале дека бил отруен од нервниот агенс „новичок“.

Членките на ЕУ ја повикаа Русија да го расветли случајот што тие го сметаат за обид за атентат, но Москва ги отфрла обвинувањата и вели дека нема индиции оти е сторено злосторство против Навални, кој оттогаш закрепна.

Текстот Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот е превземен од МАКФАКС.


Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Вести

Регистрирани 404 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*