„Добив задача да го убијам Путин“: шокантно откритие на припадник на руските тајни служби

1693048160_putin1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руските тајни служби истражуваат заговор за атентат врз Владимир Путин од луѓе „од нивните редови“, се вели во извештај.


Еден извор на Телеграм тврди дека слушнал како „агент“ се фалел дека добил задача да го „отстрани“ диктаторот. Наводно „агентот“ ова му го кажал на изворот на состанок во караоке клубот „Мед“ во Чехов, во близина на Москва, познато место за дружење на оперативци на безбедносните служби.

На доушникот – по име Михаил Јурченко (37), претприемач – му ја покажал официјалната лична карта за време на „долг, искрен разговор за војната и идниот живот во Русија“.

Информаторот ги пријавил тие закани кон Путин во полиција.

„Специјалните служби веќе неколку дена трагаат по непознато лице кое планирало да го „отстрани“ Путин“, пишува на Телеграм на CPC-OGPU, пренесува британски Метро.

Во мај, Кремљ ја обвини Украина дека се обидела да го убие Путин, велејќи дека два дрона ја нападнале резиденцијата на претседателот.

Веста доаѓа пред очекуваното соопштение следниот месец дека тој ќе бара нов шестгодишен мандат во Кремљ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK