Директорот на Гамалеја тврди дека Спутник лајт двојно го намалува ризикот од зараза


Употребата на вакцината Спутник лајт двојно го намалува ризикот од зараза со коронавирусот, изјави директорот на рускиот центар „Гамалеја“, Александар Гинцбург.


 

– Постои опција „Лајт“ која е и прва компонента на вакцината Спутник В. Ако се употреби посебно, без втора вакцинација, можноста за зараза со овој вирус се намалува за 50 проценти, па дури и за 60 проценти, рече Гинцбург за телевизијата Русија 1.

Руското Министерство за здравство ја регистрираше вакцината Спутник лајт на 29 март. Вакцинацијата со овој препарат почна во Москва на 27 февруари.

Се очекува таа да штити од коронавирусот четири до пет месеци.