Деветмина затвореници загинаа во бунт во затвор во Еквадор


Потврдена петгодишна затворска казна за иранска научничка - МИА

Кито, 4 август 2020 () – Деветмина затвореници загинаа, а 20 се повредени во бунт во затвор во крајбрежниот град Гвајакил во Еквадор, што се случи ноќеска, соопшти затворската управа.

Генералниот командант на полицијата, Патрисио Кариљо на Твитер напиша дека „неколку полицајци се во критична состојба“.

Во соопштението на затворската управа се наведува дека тие мора да го преиспитаат управувањето со таа институција поради конфликтите меѓу бандите.

Управата посочува дека избувнувањето на немирите на групите демонстранти внатре и надвор од затворот е со цел „да ја дестабилизираат“ нивната работа.

Во затворите во Еквадор има околу 38.000 затвореници, што е за 30 проценти повеќе од капацитетот.

Поради пандемијата на коронавирус, Еквадор одлучи да ги преиначи казните за помали прекршоци, со што е намалена пренатрупаноста, која беше 42 проценти пред здравствената криза.

 

 


Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Вести

Регистрирани 404 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*