Десетици милиони деца загрозени од болести кои можат да се превенираат со вакцина



Десетици милиони деца загрозени од болести кои можат да се превенираат со вакцина - МИА

Њујорк, 22 мај 2020 () – Околу 80 милиони деца ширум светот би можеле да бидат изложени на ризик од болести што можат да се спречат со вакцинирање, како што се дифтерија, сипаници и детска парализа, затоа што рутинската имунизација е нарушена за време на пандемијата на Ковид-19, предупредуваат агенциите на ОН и Асоцијација за вакцинација на ГАВИ.

Пред глобалниот самит за вакцинирање, закажан за 4 јуни, Светската здравствена организација (СЗО), Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) и ГАВИ во заедничко соопштение истакнуваат дека податоците покажуваат дека обезбедувањето рутински услуги за имунизација е значително нарушено во најмалку 68 држави.

Според нив, тоа најверојатно, ќе влијае врз околу 80 милиони деца на возраст под една година кои живеат во тие држави.

Зад ваквото невидено нарушување на услугите на глобално ниво, „без пресдан“ откако проширени програми почнаа во 70-те години, се должат на патните ограничувања, одложувања во испораките на вакцини, неподготвеност на некои родители да заминат од дома поради страв од изложеност на коронавирусот и недостиг на здравствени работници.

– Не можеме да дозволиме борбата против една болест да биде на штета на долгорочниот напредок што е постигнат во нашата борба против другите болести, рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.

– Иако околностите може да бараат од нас привремено да запреме некои обиди за имунизација, овие имунизации мора да бидат продолжени што е можно поскоро или ќе ризикуваме да замениме една смртоносна епидемија со друга, истакна таа.


Вести

Седум града со над 100 активно заразенни со коронавирус

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус. Од нив, во седум македонски градови има над 100 заразени. Најмногу активни случаи има во Скопје (684), по што следат Куманово […]

Бизнис и економија

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

– До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по […]

Субвенции од државата за плати досега побарале 12.380 компании - МИА
Вести

Четврти сет мерки – 470 милиони за поддршка на граѓаните и стопанството, според опозицијата Христијан Мицкоски, четвртиот пакет е задоцнет

– Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна […]