Ден Розенфилд е новиот шеф на Кабинетот на Борис Џонсон


Британскиот премиер Борис Џонсон го назначи Ден Розенфилд, деловен консултант и поранешен функционер во Министерството за финансии, за нов шеф на кабинетот, по оставката на Доминик Камингс.



Камингс, кој поднесе оставка на почетокот на овој месец, се сметаше за иницијатор на стратегијата на Џонсон за брегзит и повеќе други прашања, а многумина неговото заминување го сметаа за шанса да се „ресетира“ британскиот лидер.

Во соопштението од Кабинетот на Џонсон се наведува дека Розенфилд ќе стапи на должност на 1 јануари.