Ден на благодарноста во САД, пуритански празник на милоста и благодарност за тоа што го имаме


Секој четврти четврток во ноември во САД се одбележува државниот празник Ден на благодарноста (Thanksgiving Day). Oвој празник е еден од најзначајните во земјата, и означува почеток на сезоната на божиќните и новогодишни празнувања, кои, за жал, поради пандемијата на коронавирус, годинава се ограничени. 



Ден на благодарноста првпат бил одбележан во 1621 година од англиските колонисти од Плуматската колонија во Масачусетс. Колонистите овде, на полуострово Кејп код, пристигнале за првпат во 1620 година. Првата зима во Новиот свет била многу тешка, владеела општа глад, а и следната не ветувала ништо подобро.  

Откако каквата таква жетва завршила во октомври 1621 година, а и меѓу колонистите и домордните Американци бил склучен сојуз, гувернерот Вилијам Бредфорд и двајца негови приврзаници одлучиле да организираат Ден на благодарноста, прв во историјата. Гозбата траела три дена, и според кажувањата на еден учесник, сепаратистот Едвард Винслоу, на неа, покрај 53 новодојденци, учествувале и 90 американски домородци, кои и помогнале на колонијата да преживее во тие тешки и сурови месеци. 

Според некои кажувања, на гозбата, колонистите и домородците испекле и заедно изеле четири мисирки уловени во блиската шума. Оттогаш, мисирката станува синоним за празникот, а одгледувачите на пилешко месо ги товат овие птици специјално за овој ден. 

Денот на благодарноста станува национален празник со указ на првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон, во 1789 година. Предлогот бил да се одбележува на секој 26 ноември. По крајот на Граѓанската војна во 1864 година, Абрахам Линколн го прогласува секој последен четврток во ноември за Ден на благодарноста, а во 1941 година Конгресот на САД и фицијално ја усвојува оваа дата за славење на денот. 

Пуританците во САД внеле во овој празник длабока религиозна смисла – тие во него гледаат начин како да се заблагодарат на Севишниот за неговата милосто и добрина. Со текот на времето, во пресрет и за време на овој празник, се применуваат низа традиции кои се свети за Американците и обврзно се практикуваат.