Дејвид Кеслер ќе ја предводи рограмата за вакцинација во САД, одлучи Бајден


Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го избра Дејвид Кеслер, поранешен шеф на Администрацијата за храна и лекови (ФДА), за да помогне во водењето на федералната програма за вакцинација против Ковид-19, објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на преодни службеници.


 

Кеслер, педијатар и адвокат, кој беше на чело на ФДА под претседателите Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе го замени Монсеф Слауи како главен советник за операцијата наречена „Warp Speed“.

Кеслер беше копретседател на пандемискиот советодавен одбор на Бајден.