„Деца носеа други повредени деца, некои крвареа а други изгореа“, драматично сведоштво на сведок по бомбардирањето на бегалскиот камп во Газа

„Деца-носеа-други-повредени-деца-некои-крвареа-а-други-изгореа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мухамед Ал Асвад бил на само 100 метри од бегалскиот камп „Џабалија“ во северниот дел на Газа кога слушнал звук на ракети за време на вчерашното израелско бомбардирање на еден од осумте бегалски кампови во кои загинаа десетици луѓе.


„Трчав како луд во таа област. Го најдов семејството безбедно, но сцената беше ужасна“, изјави Ал Асвад за Си-Ен-Ен по телефон од Појасот Газа.

„Децата носеа други повредени деца и трчаа, а сивата прашина го исполни воздухот. Тела висеа од урнатините, многу од нив непрепознатливи. Некои крвареа, а други изгореа“, рече тој.
Тој вели дека во овој крај живеат повеќето негови роднини, како и многу бегалци кои дошле таму. Погодената област била толку жешка што му изгореле нозете, раскажува тој.

„Луѓето беа хистерични, повеќе од 40 куќи беа целосно уништени. Жените врескаа. Не знаеја дали да плачат за децата или да трчаат да ги бараат, особено што децата си играа во соседството“, изјави сведокот за Си-Ен-Ен.

Ал Асвад рече дека претходно добил обука за цивилна одбрана и за болничар за да може да помогне во спасувањето на луѓето.

„Повредените се обидуваа да ги понесат своите најблиски и да ги однесат во брзата помош, без разлика дали се мртви или тешко повредени. Други ги користеа своите колички со магариња за да ги однесат повредените во болници“, рече Ал Асвад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK