Дарежливоста на „богатите“ за Нотр Дам не поминува кај дел од француската јавност

Дарежливоста на богатите семејства и на некои од големите компании за обновата на париската катедрала Нотр Дам, при што за помалку од 24 часа беа собрани околу една милијарда евра, на наиде на најдобар одѕив кај целата француска јавност, јави дописникот на МИА.

Носителката на листата на левичарската партија Непокорна Франција за европските избори, Манон Обри, ја осуди дарежливоста како „маркетинг” на големите компании и богатите семејства, кои најавија големи донации за реконструкцијата на Нотр Дам.

– Не може да го користиме зачувувањето на нашето наследство за маркетинг, како што прават некои, обвини таа, осудувајќи ја трката на компаниите за тоа кој дал најмногу средства, притоа барајќи и даночно ослободување. – Имам чувствувам дека тоа е листа на компаниите и лица во даночните оази, се пошегува таа.

Според неа, поедноставно би било овие фирми и поединци „да почнат да плаќаат даноци“. – Не може да си дозволи да прават маркетинг и потенцијално нивното име да биде ставено на камен во Нотр Дам, а од друга страна да не плаќаат даноци, критикуваше Обри.

– Навистина сакам да им кажам: почнете да ги плаќате даноците, тоа ќе придонесе за државниот буџет, а со тоа и за буџетот на културата, нагласи таа.

За реконструкцијата на Нотр Дам, неколку француски богати семејства издвоија милионски суми. Така, семејството Пино вети 100 милиони евра, групацијата ЛВМХ и семејство Арно, кое е најбогатото Франција, и семејството Бетанкур-Мејерс и групата Л’Ореал најавија донации од по 200 милиони евра.

Законот од 2003 година на компаниите кои инвестираат во културата им овозможува намалување даноците од приходи за 60 отсто, а за поединци до 66 проценти на данокот на доход. Ова намалување на даноците може да достигне и 90 отсто кога станува збор за културни добра, кои се сметаат за „национално богатство” или се од „голем интерес за национално наследство“.

– Добро е тоа што олигархијата донира за Нотр Дам. Но, плаќањето данок би било уште подобро. Совеста не ги крие сиромаштијата и штедењето, изјави една од лидерите на „жолтите елеци“, Бенжамен Коши.

Француската сенаторка од групата на Зелените, Естер Бенбаса оцени дека со ова „милијардерите ќе бидат херои“. – Тие би можеле да се откажат од затајување на даноците и да обезбедат даночна оптимизација,… преку масовна поддршка на здруженијата и структурите што се грижат за сиромашните лица, општествено маргинализираните и бездомниците, оцени Бенбаса.

По критиките, семејството Пино се откажа од правото за бара даночно олеснување за нивната донација од 100 милиони евра.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]