Мала група демонстранти пред ирачката амбасада во Данска запалија копија од Куранот, светата книга на исламот, ризикувајќи да ги влошат односите меѓу двете земји.
Групата наречена „Дански патриоти“ одржа сличен протест во Копенхаген минатата недела, пренесувајќи го во живо на Фејсбук.
Неколку илјади Ирачани протестираа во саботата во Багдад поради уништувањето и палењето на Куранот на антиисламските во Шведска и Данска, кои беа свикани од владејачките ирачки партии и вооружени групи, од кои некои се блиски до Иран.
Претходно минатата недела, 37- годишен бегалец од Ирак ја запали светата книга на исламот пред џамија во Шведска. На почетокот на оваа година истото го направи и екстремно десничарскиот политичар Расмус Палудан, пред турската амбасада во шведскиот главен град.
Исламскиот свет ги осуди тие дела, а илјадници луѓе излегоа на улиците на муслиманските земји да протестираат.
Стотици луѓе во саботата упаднаа во шведската амбасада во центарот на Багдад и ја запалија, при што иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи повика на „најтешки казни“ за палењето на Куранот, остакнувајќи дека Шведска „влезе во битка против муслиманскиот свет“ со тоа што не ги казнува одговорните.
Шведските власти го осудија чинот, но рекоа дека не можат да интервенираат поради правилата за слобода на говорот.