Данска ќе убие околу еден милион куни поради зараза со коронавирусот


Данска ќе убие околу еден милион куни поради зараза со коронавирусот - МИА

Копенхаген, 2 октомври 2020 () – Данска ќе усмрти околу еден милион куни откако беше утврдено дека има зараза со коронавирусот на фармите што ги одгледуваат за крзно, објавија локалните власти.


 

Оваа нордиската земја, која е најголем светски производител на нерц, и претходно убиваше животни на фарми погодени од инфекции, но заразата сè уште е присутна.

Нови случаи се откриени на 41 фарма за куни и се верува дека се погодени уште 20 фарми, или вкупно околу еден милион куни, изјави синоќа на прес-конференција министерот за животна средина и храна Могенс Јенсен.

Како мерка на претпазливост, куните ќе бидат убиени и на фарми лоцирани во радиус од осум километри од фармите во кои се наоѓаат заразени животни.