Даг Емхоф прв Втор господин во историјата на САД


Сопругот на американската потпретседателка Камала Харис, Даг Емхоф денеска официјално стана Втор господин, првпат во историјата на САД.


 

Сопружникот на потпретседателот на Соединетите Американски Држави обично ја носи титулата Втора дама, но бидејќи на оваа позиција првпат во историјата е жена, нејзиниот сопруг ја презеде титулата Втор господин.

Според Си-Ен-Ен, ова е уште една работа по која Харис влезе во историјата, покрај тоа што е прва жена на позицијата потпретседател, но и прва Афроамериканка на таа позиција.

Емхоф, инаку успешен адвокат, се омажи за Камала Харис во 2014 година, додека работеше како главен обвинител во Калифорнија.

Тој изјави дека е прв Втор господин, но не сака да биде и последен.