Пред пожарите да ја опустошат Лахаина, град на хавајскиот остров Мауи, куќата на улицата 271 Фрон Стрит не се издвојувала од другите куќи во соседството.
Објектот стар речиси 100 години е реновирана во последниве години, но беше една од многуте шарени куќи на брегот во еден од историски најважните градови на Хаваи. Денес пак не можете да не ја забележите оваа куќа со црвен покрив која стои навидум недопрена, среде пепелта и урнатините што лежат наоколу по катастрофалните пожари на Мауи.
– Изгледа како фотошоп – рекол сопственикот на куќата Трип Миликин.
Поминал многу време размислувајќи зошто неговата куќа некако била поштедена во пожарот. Можеби тоа е само среќа. Можеби ветрот го променил правецот на пожарот во вистински момент. Или тоа е низа случајни избори направени за време на реновирањето на домот што помогна да се спречи разлетаните парчиња запалено дрво или други остатоци да остават само мали траги од изгорено во дворот и еден ндуен балон од боја на едниот ѕид.
Експертите велат дека причината е веројатно по малку од сето горенаведено, но еден елемент од неодамнешното реновирање на домот е всушност прифатлива и важна работа што луѓето можат да ја направат за да ги заштитат своите домови.
Миликин и неговата сопруга Дора дојдоа да живеат во Лахаина пред повеќе од една деценија.
– Куќата беше апсолутен кошмар – рече Миликин.
Реновирањето траело речиси две години, а брачната двојка поголемиот дел од работата ја завршиле сами со помош на локален столар и со помош на соседите. Со свои раце ги поставија повеќето прозорци, ги санираа оштетувањата од термити и ги отстранија габите кои растеа на приземјето. Куќата во плантажерски стил била изградена од калифорниско црвено дрво, но истото било и соседната куќа која целосно изгоре во пожарот на 8 август.
За време на реновирањето, Миликин постави економичен челичен покрив кој дефинитивно ќе обезбеди подобра заштита на зградата од летечки жар. Отпрвин мислел дека е клучно неговиот дом да преживее пожар.
Но, Мајкл Вара, директор на програмата за климатска и енергетска политика на Институтот за животна средина Стенфорд Вуд, смета дека веројатно одлуката на Миликин да го ископа пејзажот директно околу куќата и да го замени со речни карпи го спасила објектот.
– Она што луѓето во пожарниот сектор го нарекуваат нулта зона или зона на палење жар е на некој начин клучен фактор за тоа дали куќите ќе изгорат или не – вели Вара.
Исклучително е важно на метар и половина од куќата да нема ништо запаливо, пишува хавајскиот портал Civilbeat.org.
Миликин вели дека одлуката да се постават речни камења на растојание од еден метар околу куќата, всушност, не била насочена кон спречување на пожари. Тој всушност сакал да спречи истекување да предизвика штета од водата, но тоа можеби го спасило неговиот дом.
Калифорниските регулативи обично се фокусираат на периметар од девет метри околу домот, познат во гаснењето пожар како „Зона А“. Но, Вара вели дека истражувањето на илјадници куќи кои изгореле во Калифорнија во последните години покажало дека она што е инсталирано во непосредна близина на два метри околу куќата ја прави најголемата разлика.
Во пожарите како овој во Лахаина, низ воздухот летаат огромни количини жар. Ако до куќата има нешто запаливо – дрвена ограда, грмушки, сува трева – често тоа ќе ја запали куќата, вели Вара. Сепак, дури и најдобро подготвените куќи можат да се запалат доколку горат домовите до нив.
– Во суштина, куќите почнуваат да се запалуваат една од друга, поради што е важно да се поттикнат сопствениците да постават камени или гранитни патеки околу нив. Ако доволно домови имаат таква подготовка, тогаш оваа верижна реакција не започнува – рече Вара, додавајќи дека во примерот на куќата на улицата Фронт имало и значителна количина на среќа.
Миликин рече дека тој и неговата сопруга биле обземени од емоции кога ја виделе глетката дека нивната куќа е недопрена од огнот.
– Почнавме да плачеме. Се чувствувам виновен. Се уште се чувствуваме виновни – рече тој, додавајќи дека неговата куќа ќе стане база за обнова за сите.