Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до семејството на Евгениј Пригожин, соопшти Кремљ, додавајќи дека не знаат кога ќе се одржи погребот на шефот на Вагнер и дали рускиот претседател ќе присуствува.
Неколку членови на Вагнер за „Гардијан“ изјавија дека не знаат кога и каде ќе се одржи погребот на Пригожин.
„Ништо не ни беше кажано. Се надевам дека ќе го добие збогувањето што го заслужува“, рече еден војник на Вагнер кој се борел во Украина и кој сакал да остане анонимен.
Низ земјата никнаа импровизирани споменици, а посетителите со солзи оставаат цвеќиња и му оддаваат почит на Пригожин.
Во Санкт Петербург, борец на Вагнер, идентификуван како Јуриј Новиков, бил приведен откако пукал од АК-47 во воздух. Според извештаите на локалните медиуми, Новиков бил потресен од смртта на Пригожин.