Пред 42 години, болничкиот персонал и го одзел синот на Марија Анџелика Гонзалес веднаш по раѓањето, а подоцна и кажале дека починал. Жената го запознала нејзинјот син во нејзиниот дом во Валдивија, Чиле. „Многу те сакам“, ѝ рекол Џими Липерт Тајден на мајка си на шпански додека плачејќи се прегрнувале, пренесуваат локалните медиуми.
Неговото патување за да го пронајде биолошкото семејство кое никогаш не го познавал започнало во април, откако прочитал вести за деца родени во Чиле, кои биле повторно обединети со нивните семејства со помош на непрофитната организација „Нос Бускамос“, пишува „Асошиетед прес“.
Организацијата откри дека Тајден е роден предвреме во болница во Сантијаго, главниот град на Чиле, и е сместен во инкубатор. На мајката ѝ било кажано да ја напушти болницата, но кога се вратила да го земе своето дете, ѝ било кажано дека нејзиниот син починал.
„Документите што ги имам за посвојување ми кажуваат дека немам живи роднини. Дури во последните неколку месеци дознав дека имам мајка, четворица браќа и сестра“, нагласил Тајден, кој работи како адвокат во Вирџинија. „Нос Бускамос“ проценува дека десетици илјади бебиња биле земени од чилеански семејства во 1970-тите и 1980-тите.
Организацијата дошла до оваа бројка врз основа на извештајот на Истражната полиција на Чиле, која ги испитувала хартиените пасоши на чилеанските деца кои ја напуштиле земјата и никогаш не се вратиле. „Вистинската приказна беше дека овие деца биле украдени од сиромашни семејства, од сиромашни жени. Тие не знаеле како да се одбранат“, истакна Констанца дел Рио, основач и директор на „Nos Buscamos“.
Организацијата веќе две години соработува со платформата „MyHeritage“, која нуди бесплатни комплети за тестирање на ДНК дома. Комплетите се дистрибуираат до посвоени деца и потенцијални жртви на трговија со деца во Чиле. ДНК тестот на Тајден потврдил дека тој е 100% Чилеанец и го поврзал со роднина кој исто така ја користи платформата „MyHeritage“.
Тајден му ги испратил на братучедот документите за посвојување, во кои била вклучена и адресата на неговата мајка и многу вообичаеното име во Чиле: Марија Анџелика Гонзалес.