Четвртиот бран на коронавирус во Хонгконг ќе биде потежок од претходниот




Властите во Хонгконг предупредија дека четвртиот бран на вирусот Ковид-19 во Хонгконг може да биде потежок од претходниот, откако беше идентификувана група заразени лица во три ресторани во тој град, поради што се размислува за заострување на мерките.

Повеќе од 10 вработени и гости во три ресторани се заразени со Ковид-19, поради што луѓето што ги посетиле тие угостителски објекти по 15 ноември ќе треба да бидат тестирани за корона, а доколку не го сторат тоа, ќе се соочат со парична казна, па дури и затвор.

Лидерката на Хонгконг, Кери Лам, рече дека владата размислува за заострување на мерките за социјално дистанцирање бидејќи бројот на новозаболени за еден ден надмина сто за прв пат од 1 август.

Хонгконг се бори со новиот кластер на вирусот Ковид-19, најголемиот досега во градот, што се појави на една од забавите во градот на која присуствувале невработени жени на богати бизнисмени, претежно постари жени, кои често ангажираат инструктори за танц.

Медиумите во Хонгконг ги нарекуваат „таи таи“, наведувајќи дека станува збор за специјална заедница со премногу пари и премногу време на располагање.

Училиштата во Хонгконг ќе бидат затворени од 2 декември, со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, а баровите, ноќните клубови и просториите за забава ќе бидат затворени од 26 ноември, најмалку седум дена.