Чешката министерка Малачова го нарече премирот Бабиш „дебил“


– Министерката за труд на Чешка, Јана Малачова мислејќи дека микрофонот е исклучен го нарече премиерот Андреј Бабиш „дебил“.



– Тој Бабиш направи бордел (од државата). И сега сите мораме да лижеме. Извинете, тој е дебил, изјави Малачова на крајот на интервјуто за Чешката телевизија.

Изминатите недели лидерите на опозициските партии остро ја критикуваа Владата и премиерот поради направените грешки во борбата против новиот коронавирус, при што не се воведе задолжително носење маски и се пролонгираше воведување на вонредна состојба.

Во Чешка за две недели регистрирани се над 9.000 новозаболени луѓе.