Бруно Ле Мер предлага 30 милијарди евра за еколошката транзиција на француската економија


Бруно Ле Мер предлага 30 милијарди евра за еколошката транзиција на француската економија - МИА

Париз, 26 јули 2020 () – Планот за релансирање на економијата ќе биде зелен план, изјави министерот за економија на Франција Бруно Ле Мер за денешното издание на „Ле Журнал ди диманш“, дополнувајќи дека за тоа ќе бидат наменети 30 милијарди евра, јави дописникот на .


 

– Триесет милијарди евра треба да се посветат на еколошката транзиција во рамките на планот за оправување, што како целина ќе обезбеди декарбонизација на економијата, изјави Бруно Ле Мер.

-Со (министерката за еколошка транзиција) Барбара Помпили, предлагаме да се одделат 30 милијарди евра од 100-те милијарди планирани за инвестиции во еколошка транзиција, рече тој.

-Ние ќе внимаваме на тоа сите одлуки за стимуланси да фаворизираат нов модел на раст заснован на декарбонизација, енергетска трезвеност и зелени иновации. Планот за обновување ќе биде зелен план, додаде тој.

Три сектори ќе бидат „приоритетни сектори: енергетско реновирање, транспортот и енергијата“, при што првиот ќе биде реновирање на приватни згради преку зголемување на кредитите од шемата на МаПримеРенов (Моја премија за реновација).

Планот на француската Влада за економско закрепнување, со 100 милијарди евра, ќе биде претставен на 24 август во Советот на министри.

Журнал ди диманш го праша министерот за економија дали намалувањето на емисиите на стакленички гасови поврзано со планот за обновување е измерено, на што министерот одговори:

-Имаме пад од 30 отсто во емисијата на CO2 во текот на десет години за нашата индустрија. Оваа траекторија засега е далеку од дофат. За да се исполни оваа цел, ние ќе им помогнеме на најзагадувачките индустриски места да ги намалат нивните емисии. Првиот список на овие најзагудавчки фабрики ќе го имаме на крајот на август , вели тој.

Во однос на креирањето на работни места, преку зелениот план за закрепнување „на долгорочен план, ќе изнесува стотици илјади, уверува Бруно Ле Мер.

Според него, „за да се прифати еколошката транзиција од страна на сите Французи, таа мора да создаде работни места. Затоа, ќе се иницира процес на обука, така што изборите за нови индустриски сектори да се претворат во нови работни места “.

Контурите на стимулативниот план од 100 милијарди евра беа презентирани во средината на јули од страна на премиерот Жан Кастекс.