Бројот на жртви од земјотресот во Индонезија се зголеми на 56


– Бројот на жртви во неодамнешниот земјотрес во Индонезија се зголеми на 56, додека повеќе од 800 лица се повредени, соопштија индонезиските власти.



Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала пред три дена го погоди островот Сулавеси, а потрагата по исчезнатите и натаму трае, пренесе агенцијата Кјодо.

Индонезиската Агенција за вонредни состојби соопшти дека во Мамуја, главниот град на провинцијата Западен Сулавеси, биле пронајдени 47 тела, и уште девет во блискиот округ Маја.

Земјотресот уништи повеќе од 400 куќи, додека повеќе од 15.000 луѓе се евакуирани.