Бројот на загинати мигранти во Сирија се искачи на 94


– Бројот на мигранти, кои загинаа во несреќа во близина на сирискиот брег, кога потона бродот со кој патуваа од Либан се искачи на 94, јави сириската државна телевизија.

 

 

Преживеаните изјавија дека бродот го напуштил Миниех, северен Либан пред неколку дена и дека на него имало луѓе од различни националности.

Сириските власти почнаа да пронаоѓаат тела на брегот на пристанишниот град Тартус на 22 септември.