Бројот на лица заразени со коронавирус во светот надмина 83 милиони




Денес во светот бројот на заразени со коронавирус надмина 83 милиони, според веб-страницата на „Ворлдометерс“.

Речиси 59 милиони луѓе закрепнаа од Ковид-19, а нешто повеќе од 1,8 милиони починаа.

Има 22,4 милиони активни случаи (99,5 проценти), додека бројот на лица во сериозна состојба е малку над 106.000 (0,5 проценти).

САД се први по бројот на заболени, бидејќи од почетокот на пандемијата се заразени 20,2 милиони луѓе, следени од Индија со 10,2 милиони, трет е Бразил со 7,6, четврта е Русија со 3,1 милиони, а петта е Франција со 2,6.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во претходните 24 часа во светот надмина 563.000, според податоците со кои располага Светската здравствена организација.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во истиот период е поголем за 11.700, со што надмина 1,78 милиони, се додава во извештајот на СЗО пренесен од ТАСС.

СЗО се води исклучиво од бројките објавени од министерствата за здравство, односно од владите на сите земји во светот.

Од сите заразени во светот во претходните 24 часа, најмногу имало во Европа – 251.900 (44 проценти), потоа во Северна и Јужна Америка (236.000) и Југоисточна Азија (31.467). Индивидуално, повеќето случаи се во САД – 19.147.627.