Бродот болница на американската армија ќе почне да прима пациенти од понеделник


Бродот болница на американската армија ќе почне да прима пациенти од понеделник - МИА

Вашингтон, 4 април 2020 () – Бродот болница на американската морнарица закотвен во пристаништето на Њујорк ќе почне да прима пациенти во понеделник, јави денеска Си-Ен-Ен.

Ќе се примаат пациенти кои немаат Ковид-19 симптоми, со тоа преполните болници во градот ќе ослободат капацитети да можат да примаат нови случаи на заболеност со коронавирусот.

Според Си-Ен-Ен, на бродот можат да дојдат пациенти кои ќе покажат потврда дека немаат коронавирус, па затоа досега таму беа примени само тројца. Сега, тестовите за коронавирус можат да се направат во самиот брод, и доколку лицето е со симптоми на Ковид-19, тоа ќе биде пратено во градска болница, а во случај на негативен тест, лекувањето може да продолжи на бродот.

Во меѓувреме, на повикот на градот Њујорк за волонтери се јавија 82 илјади медицински работници за да го надоместат недостатокот на такви кадри во болниците и здравствените установи на градот.

Њујорк го тресе силна епидемија на коронавирусот. Досега, во градот Њујорк се регистрирани 1.905 жртви од коронавирусот, а на ниво на сојузната држава вкупно заболени се речиси 114 илјади, додека вкупно починале 3.565 лица.


Заев со поддршка за електронското гласање и овозможување 16 часа за гласање на иборниот ден - МИА
Вести

Партиите блиску до договор, да се искористи периодот на вонредна состојба за постигнување консензус

Скопје, 31 мај 2020 () – Претседателот Стево Пендаровски вчера, по седницата на Советот за безбедност, откри дека партиите биле блиску до договор за датум за избори, но последните два дена, поради ситуацијата со коронавирусот […]

Изјава на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски (во живо) - МИА
Вести

Почнува четвртата вонредна состојба во земјава

Скопје, 31 мај 2020 () – Зголемениот број заразени и починати лица од коронавирусот е главна причина за четвртата вонредна состојба во државава што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски. Оваа одлука, како што рече Пендаровски по […]