Британско воено разузнавање: Логистички проблеми причина за малиот напредок на руските сили кон Киев


– Руската војска постигна мал напредок кон Киев во изминатите 24 часа поради логистички тешкотии, додека армијата ја зголеми употребата на артилерија северно од главниот град, покажуваат податоците на британското воено разузнавање, пренесува Гардијан.


 

„Рускиот напредок кон Киев постигна мал напредок во изминатите 24 часа, веројатно како резултат на континуираните логистички тешкотии“, соопшти британското Министерство за одбрана, повикувајќи се на ажурирани податоци на военото разузнавање.

„Руските сили ја зголемија употребата на артилерија северно од Киев и во околината на Харков и Чернихив. Употребата на тешка артилерија во густо населените урбани области значително го зголемува ризикот од цивилни жртви.

„Русија не успеа да се стекне со контрола над воздушниот простор над Украина, што доведе до префрлување на операциите во текот на ноќни часови, во обид да ги намали своите загуби“, се вели во извештајот.