Британските конзервативци изгубија две стратешки важни изборни единици

uk konzervativci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владејачките британски конзервативци денеска загубија две стратешки важни изборни единици, но неочекувано ја задржаа старата изборна единица на Борис Џонсон, што претставува неуспех за главната опозициска Лабуристичка партија.

Вонредните избори беа еден од последните изборни тестови пред парламентарните избори следната година и се сметаат за показател за изгледите на двете главни партии.


Конзервативците ја задржаа поранешната изборна единица на Џонсон со нешто помалку од 500 гласови, што претставува големо олеснување за премиерот Риши Сунак, кој за малку избегна да стане првиот британски лидер кој изгубил три дополнителни избори во еден ден во повеќе од половина век.

Конзервативната партија изненадувачки ги задржа местата во Аксбриџ и Саут Руислип по шокантната одлука на Џонсон да го напушти парламентот во јуни, откако беше откриено дека лажел за забавите на Даунинг стрит во пандемијата на коронавирус.

Некои резултати ја открија ранливоста на конзервативците на два фронта: губење на руралните места во северна Англија каде што некогаш беа силни, како и на југозапад, традиционално упориште.

Лабуристите ја освоија изборната единица Селби и Аинсти од конзервативците со 4.000 гласови, откако сојузникот на Џонсон поднесе оставка во знак на солидарност. Партијата соопшти дека поништувањето на мнозинството од 20.137 од последните општи избори го означило најголемото мнозинство што партијата го изгубила на дополнителни избори од Втората светска војна.

Во Сомертон и Фром во југозападна Англија, центристичките либералдемократи успеаја да го соборат конзервативното мнозинство од 19.213 откако трет член на парламентот поднесе оставка поради обвинувања за сексуално вознемирување и користење кокаин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK