Британскиот парламент: Кина е закана за Обединетото Кралство, а Тајван е независна земја

parlament britanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот парламент за прв пат го спомена Тајван како „независна земја“ во официјален документ, пред посетата на министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли на Кина.

Кина го смета Тајван за дел од својата територија. Само 13 земји во светот дипломатски го признаваат Тајпеј наместо Пекинг, потсетува „Политико“.


„Тајван е веќе независна земја, под името Република Кина“, се вели во извештајот на Комитетот за надворешни работи на британскиот Дом на општините. „Тајван ги поседува сите квалификации за државност, вклучувајќи постојано население, дефинирана територија, влада и капацитет да стапи во односи со други држави – му недостига само поголемо меѓународно признавање“, се додава во извештајот.

Комитетот наведува дека Кина претставува закана за Велика Британија и интересите на Лондон во индо-пацифичкиот регион и дека кинеската политика кон Велика Британија се карактеризира со „зголемена агресија“.

„Комитетот ги препознава активностите на Кинеската комунистичка партија како закана за Обединетото Кралство и нејзините интереси. “, се вели во извештајот.

Дополнително, документот содржи препорака Лондон да развие „дипломатија на одвраќање“, зајакнувајќи ја политиката ориентирана кон одбраната со сојузниците, вклучително и „одбраната“ на Тајван.

„Владата на Обединетото Кралство треба да идентификува значајни акции и црвени линии кои ќе и овозможат да обликува и спроведе ефикасна политика на ограничувачка дипломатија за да помогне во заштитата на правото на тајванскиот народ на самоопределување“, се наведува во извештајот што го пренесува „РИА Новости“. .

Пратениците го поддржаа одржувањето на приоритетот на односите на ОК со земјите од индо-пацифичкиот регион, како и проширувањето на трговските и инвестициските врски со нив, истакнувајќи дека тоа „ќе биде од корист за економијата на ОК и нашите партнери ширум светот“.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли денеска ќе престојува во официјална посета на Кина. Ова ќе биде прва посета на британскиот министер за надворешни работи на Кина по повеќе од пет години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK