Британски финансиски регулатор: Внимавајте со криптовалутите


Финансискиот регулатор на Велика Британија, Financial Conduct Authority објави предупредување за инвестиции во криптовалути во државата во кое се нагласува дека крипто-инвестициите и кредитирањето се поврзани со високо ниво на ризик.



„Инвеститорите треба да се подготвени да ги загубат сите пари додека инвестираат во крипто“, се наведува во предупредувањето.

Од институцијата наведуваат голем број извори на несигурност, вклучително и нестабилност на цени и додаваат дека инвеститорите самите преземаат одговорност за резултатите поврзани со тоа.

„Инвеститорите треба да се со јасни погледи за ризиците и да размислат дали вложувањето во инвестиции базирани на криптоактиви е соодветно за нив. Тие подобро да проверуваат и размислат за бизнисите со криптовалути“, наведуваат од институцијата.

Тие велат дека крипто-инвеститорите ќе имаат веројатно мал пристап до големи институции за заштита како Службата за финансиски омбудсман или шемата за компензации на финансиски услуги ако нешто тргне неопаку.