Британија ја обвини Русија за обид да се вмеша во изборите во 2019 година


Раб: Велика Британија и ЕУ да постигнат трговски договор до крајот на годинава - МИА

Лондон, 16 јули 2020 () – Велика Британија ја обвини денеска Русија дека се обидела да се вмеша во парламентарните изборите минатата година, така што незаконски набавила документи поврзани со трговскиот договор со САД и ги објавила на социјалните мрежи.

– Речиси е сигурно дека руски актери се обиделе да се вмешаат во парламентарните избори во 2019 година, незаконски создавајќи копии од чувствителни владини документи и објавувајќи ги преку социјалните медиуми, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

Британскиот премиер Борис Џонсон освои огромна победа на минатогодишните избори над лидерот на Лабуристичката партија Џереми Корбин, со што Конзервативната партија има најмногу мандати од 1987 година од периодот на поранешната премиерка Маргарет Тачер.

– Иако нема докази за поголема руска кампања насочена против парламентарните избори, секој обид за мешање во нашиот демократски процес целосно е неприфатлив. Владата го задржува правото да одговори соодветно во иднина, нагласи Раб.


Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници

Скопје, 4 август 2020 () – Собранието на денешната конститутивна седница на предлог на Верификациската комисија ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници на десеттиот парламентарен состав избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули. […]

Вести

Верификациската комисија му предложи на Собранието да ги верифицира мандатите на новоизбраните пратеници

Скопје, 4 август 2020 () – Верфикациската комисија, која денеска ја избра Собранието на првата конститутивна седница, констатира дека нема основ за оспорување на изборoт на ниту еден од 120-те пратеници. Согласно член 13 од […]

Вести

Конститутивна седница на новото Собрание: Избрана Верификациската комисија

Скопје, 4 август 2020 () – Собранието денеска на првата конститутивна седница ги избра претседателот и членовите на Верификациската комисија, која на паузата што ја даде претседателот во претходниот состав Талат Џафери, кој ја води […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*