Британија бара од Мјанмар да го прекине насилството


Велика Британија денеска побара од Мјанмар да го прекине насилството, откако полицијата отвори оган и уби 18 лица.


 

– Еден месец подоцна, војската во Мјанмар продолжува да шири употреба на насилство за да го поддржи превратот, вклучувајќи и убивање на мирни демонстранти во текот на викендот, истакна британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

Според него, жителите на Мјанмар сакаат нивните гласови да се слушнат и покажуваат огромна храброст како одговор на бруталноста.

– Меѓународната заедница мора да направи се што е во нејзина моќ и да изврши притисок за прекин на насилството, да се ослободат притворените и да се обнови избраната влада, нагласи Раб.