Британците денеска повторија дека сакаат измени на делови од договорот со ЕУ за Брегзит


В понеделник продолжуваат разговорите меѓу Џонсон и лидерите од ЕУ - МИА

Британската делегација во преговорите со ЕУ денеска во Брисел, на деветата рунда од преговорите меѓу двете страни за идните трговски односи, повтори дека сака измени на делови од договорот за напуштање на Унијата, познат како Брегзит.

-Позицијата на Велика Британија е далеку од она што ЕУ може да го прифати, рече потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчович по состанокот со британскиот официјален преговарач Мајкл Гоув.

Гоув додаде дека се уште има „разлики меѓу двете страни“.

Двајцата разговараа за контроверзниот предлог-закон за кој се дискутира во британскиот Парламент, со кој се доведуваат во прашање одредени точки од договорот за Брегзит, што официјално стапи на сила на 31 јануари оваа година.

Една од точките на спорниот предлог закон се однесува на Северна Ирска. Според договорот меѓу Лондон и Брисел предвиден е механизам за да се избегне воведување физичка граница меѓу оваа британска покраина и Република Ирска. Британците сакаат измени токму во оваа одредба, што предизвикува незадоволство во Брисел.

ЕУ, пак, бара од Велика Британија да го повлече нацрт-законот, заканувајќи се дека во спротивно за ова прашање правна помош ќе побара од судските инстанци. Шефчович денеска го повтори ова барање, додавајќи дека нацрт-законот претставува „исклучително сериозно кршење на договорот“.

Преговорите меѓу двете страни продолжуваат утре во Брисел.


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*