Бразилски сенатор почина од инфекција со коронавирус




Бразилскиот сенатор Аролде де Оливеира почина од компликации поврзани со Ковид-19.

Оливеира (83) почина од повеќекратно откажување на органите предизвикано од инфекција со коронавирус. „Си-ен-ен“ известува дека пред да почине тој бил хоспитализиран повеќе од 15 дена во Рио де Жанеиро. Тој е првиот член на бразилскиот конгрес кој починал од коронавирус.

Оливеира, конзервативен сенатор од државата Рио де Жанеиро, бил тесно поврзан со претседателот Жаир Болсонаро и служеше во Конгресот повеќе од 35 години.

Државата Рио де Жанеиро прогласи тридневна жалост во чест на Оливеира, соопшти канцеларијата на гувернерот.