Борел го осуди нападот врз косовската полиција

Борел-го-осуди-нападот-врз-косовската-полиција.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Најостро го осудувам страшниот напад од вооружена банда врз припадниците на косовската полиција во Бањска на северот на Косово, во кој загина еден полицаец, а двајца беа повредени. Мора да се утврдат сите факти за нападот. Одговорните сторителите мора да се соочат со правдата“, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во врска со актуелната ситуација во Косово.


Како што наведе, во тековните конфликти во околината на манастирот Бањска се загрозени неколку невини животи.

„Овие напади мора веднаш да престанат. ЕУЛЕКС е на терен и е во близок контакт со властите и КФОР. ЕУ и нејзините земји-членки постојано ги повикуваат сите актери да работат на деескалација на ситуацијата на северот на Косово“, рече Борел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK