Борел: ЕУ мора да развие апетит за моќ


Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека владите на земјите-членки на ЕУ мора да бидат подготвени да интервенираат во меѓународните кризи или да ризикуваат да ја продолжат парализата на својата надворешна политика.

– Европа мора да развие апетит за моќ. Треба да бидеме способни да дејствуваме… а не секојдневно да даваме коментари, да изразуваме загриженост, изјави Борел на Минхенска безбедносна конференција, додавајќи дека тоа не значи само воена моќ.

Влијанието на ЕУ во светот е во пад и поради политиката на американскиот претседател Доналд Трамп „Прво Америка“, што ги поткопа европските приоритети. ЕУ е поделена по прашањето за мировниот план за Блиски Исток на Трамп, како и за поморската мисија во Либија, за Венецуела и за други прашања.

– Кога нема едногласност (во ЕУ), преостанатото мнозинство мора да дејствува, посочи Борел.


Во моментов не се размислува на 14-дневен карантин, мерките се доволни, но можни се и поригорозни доколку има потреба - МИА
Вести

Од 16:00 часот стартуваат дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните

 Скопје, 8 април 2020 () – Дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните согласно Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата […]

СОНК реагира на начинот на кој е донесена уредбата за укинување на надоместоците на плата - МИА
Бизнис

СОНК реагира на начинот на кој е донесена уредбата за укинување на надоместоците на плата

  Скопје, 8 април 2020 () – Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска реагира на начинот на кој е донесена уредбата со која на корисниците на буџетски средства им се укинува правото […]

Пензионерите и старите лица со најмногу предизвици со коронавирус-состојбата - МИА
Вести

Пензионерите и старите лица со најмногу предизвици со коронавирус-состојбата

  Тетово, 8 април 2020 () – Голем дел пензионери се соочуваат со повеќе предизивици поради коронавирусот – како да го сочуваат здравјето, да обезбедат медицинска нега за хроничните болести, да земат пензија, да се […]