Борбата против Ковид-19 се претвора во масовна хистерија


680 лица го прекршиле правилото за носење маска

26 Септември 2020

Политика, Белград

Најпознатиот германски вирулог, Хендрик Штрек, директор на Институтот за вирологија на Универзитетот во Бон, остро се спротивстави на враќањето во карантин како решение за новиот удар на пандемијата на коронавирусот со кој се соочува дел од Европа.

Како што пишува британски „Телеграф“, тој им понудил совет на сите земји што почнале со воведување мерки за „заклучување“: „Смирете се, не подлегнувајте на општата масовна хистерија!“

– Време е да се стави крај на целата оваа возбуда. Вирусот можеме да го надмудриме користејќи го нашето знаење. Мораме да сфатиме дека Ковид-19 ќе биде со нас многу долго и мора да научиме да живееме со него. Не можеме да продолжиме да го прекинуваме нашиот нормален живот и да парализираме сè, истакна Штрек.

Тој, инаку, ги поддржа првите мерки за воведување карантин во Германија. Тогаш доаѓаа шокантни прелиминарни податоци од Италија, а научниците само што почнаа да се справуваат со овој вирус. Во такви услови, принципот на претпазливост диктираше драконски потези. Но, ситуацијата се смени во наредните месеци.

– Убеден сум дека промените во однесувањето на луѓето имаа силно влијание врз заразата. Луѓето сега се заразуваат со помали дози на вирусот поради почитување на социјалното растојание, па затоа клиничките слики се поблаги. Подобра хигиена и мерки како носење маски влијаеја на намалување на дозите на вирусот, смета Штрек.

Тој објаснува дека, при следење на развојот на пандемија, не е доволно само да се набљудува бројот на нови случаи на инфекција, туку и да се следат податоците од болничките единици за интензивна нега. Штрек вели дека сега е јасно дека големите собири во затворено го забрзуваат ширењето на заразата. А дека одењето во продавница или на фризер е ризик со кој може да се управува.

Тој предлага „систем на семафори“, односно воведување на локализирани мерки во зависност каде ситуацијата се влошува, односно кои области се наоѓаат во зелена, жолта или црвена зона. Боите во тој систем би покажувале пополнетост на болничките капацитети.

Штрек заклучува дека државните власти не можат да погрешат во борбата против пандемијата се додека се потпираат на здравиот разум и на деталните анализи за тоа што претставува најмало зло, пренесува „Јутарњи лист“.

Клатното во овој момент, вели тој, отишло предалеку на страната на „ковид неврозата“, што ги редуцира клучните програми на ОН за борба против ХИВ и гладот, што може да доведе до голем број смртни случаи.


Вести

Историчарите со мали поместувања напред, но засега без договор за Гоце Делчев, Заев верува во решение преку взаемно почитување

– По два дена разговори во Скопје македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во однос на Гоце Делчев, кој и понатаму останува пречка на сопнување. Има нови предлози и идеи за кои засега не […]

Вести

Нови предлог-мерки за заштита од Ковид-19, откако бројот на новозаболени стана загрижувачки

– Поради високата стапка на новозаболени од Ковид-19, Комисијата за заразни болести вчера донесе нови предлог-мерки со кои се забранува организирање на настани, се скратува работното време на сите економски субјекти до 23 часот, и […]

Вести

Белгија прогласи највисок степен на тревога поради Ковид-19

Белгиските власти поради огромниот пораст на бројот на заразени и хоспитализирани лица во новиот налет на коронавирусот, вечерва прогласија највисок степен на тревога во земјата. – Бројот на инфекции се зголемува секојдневно и тоа многу […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*