– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во телефонски разговор го увери соборениот претседател на Нигер Мохамед Базум дека САД ќе работат на обезбедување на целосно обновување на уставниот поредок по воениот удар во земјата.
Во соопштението на американскиот Стејт департмент се посочува дека Блинкен разговарал и со француската министерка за Европа и надворешни работи Кетрин Колона за напорите за обновување на уставниот поредок во Нигер.