Блинкен со порака до Израел: мора да се земат предвид безбедносните и хуманитарните потреби на палестинските цивили

blinken1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му порача на Израел дека мора да ги земе предвид безбедносните и хуманитарните потреби на палестинските цивили пред да продолжи со каква било воена операција во Газа.


Блинкен, кој е во трета посета на регионот по нападите на 7 октомври, денеска се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот воен кабинет во Ерусалим, пред да се упати кон Западниот Брег за да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

„Секретарот го нагласи императивот да се земат предвид потребите за хуманитарна и цивилна заштита во јужна Газа пред какви било воени операции таму“, рече портпаролот Метју Милер.

Американски официјални лица денеска изјавија дека Вашингтон бара од Израел да ја стесни зоната на конфликтот и да се погрижи да има области во Газа каде цивилите можат да бараат безбедност, пренесува Ројтерс.

Милер додаде дека Блинкен исто така рекол дека треба да се преземат итни чекори за кривично гонење на екстремистите одговорни за насилството врз Палестинците на Западниот Брег.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK