Блинкен разговараше со Кулеба за економското закрепнување на Украина

blinken_46545545
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја нагласи американската поддршка за економското закрепнување на Украина и важноста од континуирана тесна соработка преку мултиагенциска платформа за координација на донатори.

„САД се посветени на соработка со приватниот сектор со цел да се модернизира и ревитализира Украина“, рече Блинкен за време на состанокот во Лондон со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на маргините на конференцијата за обнова на Украина.


Според Стејт департментот, тие разговарале за потребата Украина да продолжи со спроведувањето на реформите насочени кон воспоставување средина за инвестиции и одржлив економски раст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK