Блинкен најави дополнителни 205 милиони долари американска хуманитарна помош за Украина

blinken
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека Украина ќе добие дополнителна хуманитарна помош во висина од 205 милиони долари.

Блинкен истакна дека тоа е „критично важна поддршка за украинскиот народ“. Средствата ќе бидат наменети за храна, вода за пиење, како и за образование, здравствена заштита, правна помош и друго. Обезбедени се и средства за да се помогне во одржувањето контакт меѓу членовите на разделените семејства.


Повеќе од шест милиони Украинци ја напуштија својата татковина од почетокот на руската инвазија. Повеќе од пет милиони се внатрешно раселени.

Досега Вашингтон за Украина има обезбедено хуманитарна помош во износ од повеќе од 2,1 милијарди долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK