Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен денеска изјави дека ќе работи со Израелците за време на неговиот престој во Израел во наредните денови, за да се утврди дали привремениот прекин на огнот што е во сила и дозволи ослободување на заложниците киднапирани од Хамас, може да биде продолжен.
На прес-конференција во Брисел, по состаноците на членките на НАТО, Блинкен рече дека продолжувањето на паузата ќе значи ослободување на повеќе заложници и поголема помош за Газа, пренесе Ројтерс.
„Јасно е дека тоа е нешто што ние го сакаме. Верувам дека тоа е нешто што го сака и Израел“, рече тој.
Во понеделникот, 27 ноември, беше постигнат договор за два дена да се продолжи примирјето меѓу израелските и силите на Хамас во Газа.