Блинкен го предупреди Иран: САД ќе дејствуваат решително во случај на напад

blinken1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денеска упати предупредување до Иран, велејќи дека САД ќе дејствуваат одлучно при секој напад, во време кога светот е загрижен поради ширењето на конфликтот на Блискиот Исток.


„САД не бараат конфликт со Иран. Не сакаме оваа војна да се прошири. Но, ако Иран или неговите посредници нападнат кој било американски персонал, не правете грешка, ние ќе го браниме нашиот народ, ќе ја браниме нашата безбедност, брзо и одлучно“, рече Блинкен во изјавата пред Советот за безбедност на ОН.

САД го обвинија Иран, сојузник на Хамас и на либанскиот Хезболах, дека активно ги олеснува нападите врз базите каде што се стационирани американски војници на Блискиот исток и го зголемија своето воено присуство во регионот.

Блинкен го повика и Советот за безбедност да ја поддржи американската нацрт-резолуција, која го нагласува правото на сите држави на индивидуална или колективна самоодбрана.

Советот за безбедност на ОН, поделен околу израелско-палестинското прашање, минатата недела го отфрли рускиот предлог за резолуција со која се повикува на „хуманитарен прекин на огнот“.

Друга нацрт-резолуција подготвена од Бразил беше блокирана од американското вето. Вашингтон го осуди текстот, во кој не се споменува правото на Израел да се брани.

Блинкен праша каде е бесот, згрозеноста, отфрлањето и експлицитната осуда на ужасите, откако наброја некои од акциите на Хамас во нападот на Израел на 7 октомври.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK