„Биохакс Италија“ чека дозвола од италијанското Министерство за здравство за имплантација на поткожни микрочипови


„Биохакс Италија“ чека дозвола од италијанското Министерство за здравство за имплантација на поткожни микрочипови - МИА

Рим, 20 мај 2020 () – Шефот на компанијата „Биохакс Италија“, соопшти дека очекува дозвола од италијанското Министерство за здравство за имплантација на поткожни микрочипови.

Микрочиповите содржат лозинки за кредитни и други картички, пинови, лични карти, пасоши, информации за претплата, билети за воз и авиобилети, лозинка за влез на работното место и други информации.

Шведската компанија „Биохакс“, светски лидер во производството и дистрибуцијата на микрочипови, е подготвена да инсталира 2.500 микрочипови на граѓаните од Милано до Рим во рок од неколку месеци.
Десетици илјади Швеѓани и Германци веќе имаат вградено поткожни микрочипови.

Предноста на микрочиповите е во тоа што помагаат да се заштеди време, избегнување на редици, паричниците и торбите нема да бидат полни со разни картички. Накратко, оваа технолошка новина е претставена како алатка што треба да го направи секојдневниот живот полесен и поедноставен за граѓаните.

Италијанските синдикати се загрижени дека ова може да ги загрози приватноста и правата на работниците.

Микрочипот е со големина на зрно ориз, се вметнува под кожата помеѓу палецот и показалецот на левата рака со помош на инјекција и останува невидлив за голо око. Целата операција трае неколку минути и се изведува под локална анестезија.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]