Бил Гејтс прими вакцинира против коронавирус


Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ја прими првата доза од вакцината против коронавирус. За ова тој денеска соопшти на Твитер и објави фотографија.



Гејтс наполни 65 години, и со тоа влезе во оној дел од популација во САД кој може да се вакцинира.

-Неделава јас ја примив првата доза и се чувствувам прекрасно, истакна милијардерот. Тој им се заблагодари на научниците, волонтерите, регулаторите и здравствените работници од првите борбени линии заради кои дојдовме до ова, напиша Гејтс

Тој не соопштува каква вакцина примил.

One of the benefits of being 65 is that I’m eligible for the COVID-19 vaccine. I got my first dose this week, and I feel great. Thank you to all of the scientists, trial participants, regulators, and frontline healthcare workers who got us to this point. pic.twitter.com/67SIfrG1Yd

— Bill Gates (@BillGates) January 22, 2021