Библиотека во Мичиген затворена поради отровни пајаци


Библиотеката во студентскиот дом на Универзитетот во Мичиген е затворена поради закана од отровни пајаци.


 

Универзитетските службеници неодамна откриле пајаци кои ги нарекуваат медитерански пустиник во подрумот и оддалечените згради на студентска населба во кампусот Ен Арбор, јави Си-Би-Ес Њуз.

– Почна чистење на делови од кампусот каде што се појавија пајаците, изјави портпаролката на универзитетот Ким Брокхајзен